Повредени се двајца полицајци а четворица се уапсени во нередите по убиството на 18-годишен Афроамериканец во Сент Луис во Беркли.
Демонстрантите синоќа околу 45 минути го блокирале сообраќајот во Беркли а полицијата користела солзавец за да ја растера толпата, пренесува Ројтерс.
Антонио Мартин (18) беше убиен пред два дена на бензиска пумпа недалеку од Фергусон, каде претходно полициски службеник го застрела момчето со афроамериканско потекло Мајкл Браун.
Според градоначалникот на Беркли, Теодор Хоскинс овие два инциденти не може да се споредуваат и дека не сака да избрзува со заклучоци, но потенцирал дека постојат видни разлики помеѓу овој и инцидентот во кој загина Браун.
Сличен став изнела и сенаторката на државата Мисури, Марија Шапел – Надал, која се нашла на удар на протестите за Браун бидејќи рекла дека верува оти полицискиот службеник во Беркли имал оправдување да пука.




