Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се ублажува забраната за движење во шуми, само со однапред добиена дозвола

0
By НОВА ТВ on August 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, од денеска ЈП „Македонски шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шуми – само со однапред добиена дозвола, изјави на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов

Правните и физички лица кои имаат потреба да се движат во природа, од денеска со однапред добиена дозвола ќе може да го направат тоа.

– Ова се однесува и на планинарите и на параглајдеристите, кои што ги користат планините за своите активности, посочи Ангелов.

Во моментот активни се четири пожари – над селата Раовиќ и Буковиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река, кон Јасен, во струмичко Василево и прилепското село Топлице.

– Во овој момент активен е пожарот над селата Раовиќ и Буковиќ, во Општина Сарај. Овој пожар трае 15-тина дена. Утрово, на ова место дејствуваат два армиски хеликоптери, кои што се обидуваат да го изгаснат, но поради спецификата на самиот терен и вегетацијата, која гори, односно корењата кои што се малку под земја и над нив има тресет, многу тешко оди гаснењето на овој пожар. Тој не претставува опасност за населените места и штета не е многу голема, бидејќи станува збор за нискостеблести растенија, изјави Ангелов.

Активен е и пожарот над селото Патишка река, кон Јасен, но тој се држи под контрола, а реактивиран е и пожарот во прилепското село Топлице, кој, исто така, брзо ќе биде ставен под контрола.

– Имаме активен пожар во струмичко Василево, кој што е на тромеѓето на општините Берово, Радовиш и Струмица. Во беровско е над селото Нивичани. Овде, пред се, горат остатоци од исечени дрвја, но верувам дека овој пожар ќе биде совладан во текот на денешниот ден, појасни Ангелов.

Во посета на ЦУК, информираше Анеглов, денеска бил американскиот генерал Најт од Националната гарда на Вермонт, со кого било договорено продолжување на досегашната соработка и посета на нивни инструктори, кои би помогнале во комплетната реформа на Системот за управување со кризи и противпожарната заштита.

дозвола мерки пожари Шуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.