Владата денеска донесе измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса и ограничувањето на една маса да седат четворица под услов ако се семејство.
На седницата, како што соопшти владината прес-служба, е заклучено Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за давање дозвола за транзит со приватно возило низ територијата на Северна Македонија за државјани на Србија, на Косово, на Црна Гора и на БиХ што не беше опфатено со мерките за државјаните на овие земји.