Во авионот што се урна сабајле во Иран имало 48 лица а 9 преживеале. Авионот на иранска компанија се урнал врз населба блиску до аеродромот Мехрабад на Техеран, јавија иранските агенции. Нема загинати лица на местото каде што се срушил авионот.

Според последните информации девет лица ја преживеале несреќата и се наоѓаат во болница.

Авионот патувал помеѓу Техеран и Тебас на истокот на Иран. Се урнал на 5 километри од аеродромот.

Според изјавата на пожарникар дадена изутринава, сите патници се мртви, додека еден друг функционер на авијацијата на Иран вели дека во авионот, од типот Антонов 140, имало 48 лица. Во меѓувреме дојде потврда дека девет лица ја преживеале несреќата.

Нема се уште потврда но изгледа дека авионот и припаѓал на компанијата Сепахан.