Ирански патнички авион се урна денеска на во централниот дел на земјата, јавуваат светските медиуми.
Авионот АТР-72, кој летал од Техеран до Јасуџ се урнал во планинскиот регион Загрос, во близина на градот Семиром, а според иранските власти во него имало најмалку 60 патници, и шестмина членови на екипажот.
Известени се сите служби за помош, а според гувернерот на Самир спасувачките хеликоптери не може да се спуштат до местото на несреќата поради магла, додека спасувачките екипи се обидуваат да стигнат по копно.
За сега нема информациии за билансот на жртви. Авионот го користела компанијата Асеман.