Published: Saturday, October 31, 2015 09:46
Авион на руската компанија “Когалимавиа” се урнал во централен Синај со повеќе од 200 патници, соопштија египетските воздухопловни власти.
Авионот се урнал веднаш по полетувањето од Шарм ел Шеик на летото кон Сент Петерсбург. Поголемиот број од патниците се руски државјани кои биле на одмор во Шарм ел Шеик.
Авиното на летото 9268 не воспоставил контакт со кипарската воздушна котрола и се претпоставува дека се урнал 23 минути по полетувањето. Причините за падот на авионот се непознати.
Информацијата ја потврдија и руските воздухопловни власти.




