Руски патнички авион Ербас, со над 220 патници се урна над Синајскиот полустров, објави “Скај њуз Арабија” иако претходно од Египет соопштија дека рускиот авион безбедно го напуштил воздушниот простор. Според првичните информации станува збор за авионска несреќа.
Авионот патувал од египетското одморалиште Шарм- Ел-Шеик до Санкт Петерсбург и припаѓа на мала компанија со седиште во Западен Сибир.
Египетскиот премиер Шериф Ислмаил потврди дека рускиот авион е паднат кај Синаи.
Од руската контрола на летот за Риа Новости тврдат дека авионот исчезнал во близина на Кипар, а не кај Синаи, додека пак египетски медиуми објавуваат дека несреќата се случила додека авионот се уште летал во египетскиот воздушен простор.
Египетски извори за Ројтерс кажаа дека имало 212 патници кога авионот слетал, повеќето руски туристи, а во Русија тврдат дека имало на д 220 патници.




