Утрово околу 09:40 часот на подрачјето на островот Брач се урна спортски авион од типот цесна и, според првичните информации, сите патници ја преживеале несреќата.

Како што пренесува агенцијата Хина од приватни извори, при падот на авионот се повредени неколку лица. На лице место се спасувачки екипи, а за целиот настан се очекува да се произнесат надлежните служби.