Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се враќа бесплатниот градски превоз во Скопје поради аерозагаденоста

0
By Нова ТВ on January 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 8, 2018 14:17

Поради враќање на сила на итните владини мерки, затоа што два дена по ред, две станици покажуваат загадување повисоко од дозволениот праг, се враќа и бесплатниот градски превоз се до намалување на загадувањето, информираше денеска градоначалникот на Скопје, ПЕтре Шилегов.

Воедно ќе следи и прекин на сите градежни активности на градилиштата, интезивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски надзори како и ограничување на обуките на автошколите.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на прес-конференција апелираше да не се користат возилата без потреба и граѓаните да се организираат и да користат заеднички превоз, но и за затоплување да не се користат отпадни материјали, туку само суво дрво.

„Борбата против аерозагадувањето бара поголема вклученост од сите нас, бидејќи сите го дишеме истиот воздух“, рече Шилегов апелирајќи да се почитуваат мерките за да има почист воздух.

Автобусите во наредниот период се додека се на сила вонредните мерки за намалување на загадувањето, ќе сообраќаат зачестено, а превозот ќе биде бесплатен.

Скопскиот градоначалник се обврза дека и самиот со личен пример да придонесе за почитување на мерките, и рече дека на работа ќе доаѓа пеш или со градски превоз, но на располагање го има и електричното возило кое го поседува градот.

Службените возила на градот ќе ги користат само од градскиот инспекторат.

аерозагадување бесплатен превоз мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.