Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја мина првата пречка на турнирот во Севилја, совладувајќи ја домашната претставничка Алба Реј Гарсија со 2:0 во сетови.
Ѓорческа (279 на ВТА листата) го реши во своја корист првиот сет во тај-брек со 15-13, по што во вториот сет беше поубедлива, препуштајќи и само два гема на 890-рангираната светска тенисерка.
Утре, во второто коло, Ѓорческа ќе игра против Италијанката Мартина ди Џузепе (283 на ВТА листата).