Published: Monday, February 14, 2022 11:13
Париската полиција утрово застрела маж, кој на железничката станица Гар ди Нор со нож се заканувал на полициската патрола. Лицето било застрелано со огнено оружје, откако со нож на тргнал кон полицајците.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ја потврди информацијата на Твитер и ја поздрави акцијата на полицијата која „ја отстрани секоја опасност за патниците и за себе“.
Поради инцидентот утрово неколку возови доцнеле.




