Приватен автобус за јавен превоз се запали утрово на паркингот под Железничката станица во Скопје.
На опожарениот автобус интервенираат десетина пожарникари со две противпожарни возила. Командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Борче Менковски изјави дека возилото се запалило додека било на стојалиштето и во него немало патници.
Според првичните сознанија, причината за запалувањето најверојатно е проблем со електриката на автобусот.