Published: Sunday, January 1, 2017 16:11
Најмалку 23 луѓе загинаа, додека 17 се исчезнати откако се запали ферибот во Индонезија. Повеќе од 230 луѓе биле на фериботот Захро Експрес кој патувал до островот Тидунг, на 50 километри од Џакарта.
Кога избувнал оганот, почнал хаосот по што многумина се фрлиле во водите. Спасени биле 194 луѓе.
Според првичните информации, патниците оделе кон Тидунг за да ги прослават новогодишните празници.
Ферибот е едно најупотребуваните средства за транспорт во Индонезија, но чести се појавите на несреќи бидејќи исто тача често превозните средства се пренатрупани со патници.




