Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи 17-тата редовна седница на која ќе се разгледува информацијата за новиот пакет рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружување на земјава кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки, информира владината прес служба.
Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информацијата за потребата од обезбедување сместување на државјани на Северна Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.
Седницата се очекува да почне во 11 часот.