Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум членки на ЕУ предлагаат одлуки за европската надворешна и безбедносна политика да се носат со квалификувано мнозинство

0
By Соња Крамарска on June 12, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 12, 2023 15:20

Министрите за надворешни работи на седум земји членки на ЕУ предлагаат поголема употреба на квалификуваното мнозинство при носењето одлуки поврзани со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата.

Како што објави бриселскиот портал „Политико“, во иницијативата зад кој стојат шефовите за дипломатиите на Белгија, Хаџа Лабиб, на Германија, Аналена Бербок, на Луксембург, Жан Аселборн, на Романија, Богдан Ауреску, на Словенија, Тања Фајон, на Холандија, Вопке Хекстра и на Шпанија, Хозе Мануел Албарес Буено, се посочува дека предлагаат прагматичен пристап кој се фокусира само на прашањата за надворешната и безбедносната политика на ЕУ и користи одредби веќе вградени во Договорот за Европската унија, со цел да се овозможи пофлексибилен начин на одлучување што би бил во интерес на сите.

„Сакаме да ги надминеме старите линии на поделба меѓу оние кои се за мнозинско одлучување и оние кои се против тоа. Ние не се залагаме за промена на договорите, ниту пак поттикнуваме академска дебата“, се наведува во предлогот.

Министрите предлагаат поголема употреба на принципот на „конструктивна воздржаност“, односно одлуките да не се носат со консензус, туку земја која не се согласува со одреден предлог да не гласа против со цел да се овозможи негово усвојување.

 

„Земјите членки веќе почнаа да ја користат оваа едноставна, но многу ефикасна опција, која дозволува донесување на одлука, со тоа што една земја нема да гласа ‘против’ неа и нема да ги блокира другите 26 членки да продолжат напред. Колку ефикасна може да бидат ‘конструктивната воздржаност’ видовме минатиот октомври, кога Советот за надворешни работи гласаше за новата мисија на ЕУ за обука на украинската војска. Сакаме да го надградиме овој тренд и се обврзуваме систематски да ги испитаме нашите сопствени позиции со цел да се префрлиме од гласање ‘против’ на „конструктивно воздржување“, се посочува во предлогот.

Седуммината шефови на дипломатиите предлагаат ваквото одлучување да се стави на „практичен тест“ за одлуки поврзани со одредени области од надворешната политика на ЕУ, за кои врз основа на член 31 од договорот на Европската Унија, може да се решава со квалификувано мнозинство.

„Ако, на пример, Советот едногласно одлучи да формира цивилна мисија на ЕУ, за оперативните услови на таа мисија би можело да одлучува квалификувано мнозинство. Слично, гласање со квалификувано мнозинство би можеле да примениме и кога одлучуваме врз основа на заедничките позиции на ЕУ на меѓународните форуми за човекови права“, наведуваат министрите.

Дополнително, тие предлагаат ваквиот начинот на решавање да се користи за одлуки кои не е потребно формално гласање, но сепак во пракса се применува консензусот.

Попладнево амбасадорите на земјите членки во ЕУ по брза постапка го одобрија предлогот да се деблокираат 37 милијарди евра помош за справување со последиците од пандемијата на коронавирусот,

„Кога високиот претставник дава јавна изјава во име на ЕУ, на пример, текстот може да се договори со одлука на Советот со квалификувано мнозинство. Ова ќе го забрза начинот на кој комуницираме и ќе го направи нашиот европски глас посилен“, сметаат предлагачите.

Тие воедно предлагаат за одредени области на надворешната политика Советот на ЕУ наместо едногласно, да одлучува со квалификувано мнозинство, согласно стандардната процедура предвидена со членот 31 од Договорот на ЕУ.

„Соочени со руската агресивна војна во Украина, Европската унија ја докажа својата способност да дејствува. Тоа го направи со тоа што застана зад Украина дипломатски, финансиски и воено, со намалување на нејзината енергетска зависност од Русија, како и нудејќи им на Украина и на Република Молдавија, јасна перспектива за членство во ЕУ. Додека гледаме кон иднината, оваа способност за преземање брза и решителна акција ќе остане клучна за улогата на ЕУ како надворешно-политички актер подготвен да ги поддржува вредностите и интересите на своите граѓани во сè понеизвесна глобална арена“, се наведува во иницијативата.

Според предлагачите, потребна е Европска унија која дава цврсти и опипливи резултати, па затоа е потребно подобрување на нејзиниот капацитет за дејствување во време на криза.

„И како што ЕУ се проширува, успешната европска интеграција бара нејзините институции да функционираат ефикасно. Меѓутоа, во минатото, таквата брза и решителна акција на ЕУ не беше секогаш дадена. Огромното мнозинство на одлуки во надворешната политика на ЕУ бараат едногласност – што, во некои случаи, може да ја забави нашата способност да дејствуваме“, се додава во предлогот.

Европската унија покажува единство во својот пристап кон олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија, и покрај контрадикторните изјави за опциите и компромисите кои страните може да ги права

Министрите посочуваат дека се свесни оти некои земји членки изразуваат загриженост поради користењето на гласањето со квалификувано мнозинство во надворешната политика на ЕУ и сериозно ја сфаќаат таквата загриженост.

„За нас, барањето консензус е и ќе остане, во срцето на нашата европска ДНК, бидејќи гледањето на светот од различни агли и отвореноста за конструктивен компромис претставува предност. Така, ќе дадеме се од себе за да ја прифатиме загриженоста на сите земји членки на ЕУ, за да обезбедиме усвојување на најдобри можни одлуки за нашите колективни интереси. Ќе работиме на понатамошно зајакнување на соработката во духот на взаемна доверба во ЕУ“, се наведува во документот.

Предлагачите на оваа иницијатива наведуваат дека секоја од земјите членки ќе може да се повика на правото на блокирање на некоја одлука поради витални причини поврзани со националната политика, како што е предвидено со член 31 од Договорот на ЕУ.

„Во овие тешки времиња, ние се залагаме за ЕУ која е способен, ефикасен и одлучувачки актер, кој ги штити слободата, безбедноста и просперитетот на своите граѓани. ЕУ секогаш успевала да оди напред во предизвикувачки моменти. Сега, уште еднаш, е време да се дејствува“, се заклучува во предлогот.

извор: МИА

гласање со квалификувано мнозинство ЕУ надворешна и безбедносна политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.