Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум членови на обвинителскиот совет гласаа против најсилната кандидатка!

0
By Zoran Ivanov on February 17, 2026 УДАРНО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 17, 2026 12:41

Љубомир Косотовски: Како што се очекуваше а со познавање на влијанието на политиката врз третата власт, најсилната кандидатка за иден прв човек на Држацвното јавно обвинителство – Ленче Ристеска против себе доби дури седум гласови.

Против Ристеска, обвинителката која го го „спакува“ Мијалков, гласаа 7 од 11 члена на Советот на јавни обвинители, таа е разочарана од одлуката објави Скопје1.мк, пренесувајќи ја веста од „360 степени“.

Против промоција на Ленче Ристоска во виш јавен обвинител гласаа 7 од 11 члена на Советот на јавни обвинители: државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, тројцата членови Албанци – Иџет Мемети, Фаик Арслани (и двајцата поранешни министри) и Арбер Исаку, поранешниот претседател на Советот, Коле Штерјев, како и членовите Јасна Жежова и Ангел Солев, објави 360stepeni.mk.

Обвинителката што го истурка до пресуда предметот „мајка на сите предмети“ против ексдиректорот на УБК, во изјава за „360 степени“ вели дека е разочарана од одлуката, по работата на предметите на СЈО и пофалбите од „Еуроџаст“ (Агенцијата на ЕУ за соработка од областа на кривичното право).

Пред два месеца цела домашна јавност беше „залепена“ пред екраните. Оној чие име до пред неколку години не смееше да се изговори, ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, ја чекаше првостепената пресуда во предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“. Во преносот во живо сите слушнаа како некогаш семоќниот Мијалков доби 12 години затвор.

Сликата што ќе остане врежана во колективната меморија од ова судење е како Мијалков заминува кон „марицата“, со која беше префрлен во затворски притвор во затворот во Шуто Оризари.

Она што најголем дел од јавноста веќе го заборави е дека одењето на Мијалков во Шутка, а веројатно и во затвор, професионално го одработи Ленче Ристоска, обвинителка од поранешното СЈО. Таа беше највидливата од тројца обвинители во предметот и токму таа побара Мијалков да оди во затворски притвор откако му беше изречена пресудата од 12 години. Не смее да се заборави дека Мијалков дојде да си ја слушне пресудата за „Таргет-Тврдина“ од домашен притвор, иако претходно беше во бегство.

Извор: Фејсбук

 

Љубомир Костовски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.