Извесен Саша на возраст од 47 години, кој живеел во 20 арондисман (кварт) во Париз, како пишува весникот „Паризиен“, ја направил најбизарната работа, каква полицијата не памети долги години.
Имено, заради материјална корист, односно за да ја прима пензијата и по смртта на неговата мајка, која починала на 75 години од карцином, ја ,,спакувал“ во куфер кој покриен со церада го чувал седум години во оставата од својот стан.
Полицијата откривајќи ја несекојдневната случка утврдила дека врз кутрата жена немало траги на насилство.
Саша, како што го пренесуваат француските медиуми по потекло Србин, го признал делото. Поради тоа судските органи не му одредиле затворска казна, но му наложиле да ги врати сите 84 пензии што ги зел по смртта на мајка му.