Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум години потоа: Рамковски и дел од вработените се вратија во А1

0
By Нова ТВ on November 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сопственикот на А1, Велија Рамкоски и поранешните вработени во овој медиум денеска се собраа пред просториите на телевизијата за да одбележат точно седум години од бруталниот упад на полицијата.

Пред седиштето на А1, се собраа околу 60 луѓе и видоа во каква состојба се просториите. По ѕверското уништување, денес во објектот каде беше сместена телевизијата можеше да се забележи крш и лом.

Искршени прозори, откорнати тавани, шут и ѓубре е дел од сликата која беше затекната.

Свое обраќање имаше и Рамкоски, кој рече дека барем еден ден во годината односно на 25 ноември треба да се потсетуваме што се случило во 2010, за да не се повтори.

https://www.youtube.com/watch?v=60iWJztOpKM

– А1 не е заборавена. Не е надмината. Другите телевизии имаа репер, имаа кон што да се движат. Ја снема А1 го снема телевизискиот, новинарскиот бизнис. Од 20 милиони евра падна на пет-шест милиони евра – рече Рамкоски.

-Да засукаме ракави за да не се повтори. Ова само болен ум го прави. Седум години е долг период, а времето прави да се заборават работите. А1 не е заборавена затоа што гледачите има споредба, седум години споредуваа со Сител и другите и богами не добиваа тоа што бараат. Затоа е незборавена, не е надмината, А1 беше репер, другите телевизии имаа кон што да се движат. -За мене после затворот почнува нов живот. Излегов и сега сум како во рајот, му се радувам на животот на тоа што имам многу работа и ќе ја сработам – заврши Рамковски.

Пред седум години, на 25 ноември 2010 година се случи првиот удар врз најгледаната телевизија во независна Македонија, А1 телевизија.

Тогашниот премиер Никола Груевски ги повика „сите граѓани на РМ, информациите кои доаѓаат од А1 телевизија и од весниците Време, Шпиц и Коха е Ре да ги земаат со сериозна резерва“.

Тоа беше почетокот на голготата која резултираше со затворање на сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски, неколку членови на неговото семејство вклучувајќи ја и неговата ќерка Емел Рамковска, како и уште неколкумуна управители на фирми, негови најблиски соработници, а седум месеци подоцна и на телевизијата, која како што тогаш се тврдеше, не била цел на нападите.

А1 Велија Рамковски вработените годипнина од упасот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.