Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Седум начини кои на ЕП 2020 може да му дадат политички шмек

0
By Sashko on June 11, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европското фудбалско првенство, 16-то по ред, почнува вечерва, една година подоцна од првично планираното поради пандемијата на ковид-19. И покрај тоа што очекувањата одат во насока на спектакуларен фудбал, за што покритие е учеството на седум репрезентации од самиот светски врв, потоа враќањето на навивачите на стадионите, а со тоа и колоритот на трибините, сепак, и политиката е незаобиколен момент, како и секогаш, во вака значајни спортски настани што го окупираат планетарното внимание.

Многу потенцијални жаришта за „срцев удар“ се избегнати (Србија не се пласира и ќе отсустува судир со Хрватска), а ја нема ниту Белорусија чиј национален тим не успеа да се квалификува, па на тој начин ја поштеди УЕФА од евентуално исфрлување од турнирот. Но, мечеви од „висок ризик“ нема да недостасуваат, почнувајќи од Русија контра сите, се до Англија против сите. Ова се неколку што ги издвои сајтот www.politico.eu и вреди да се имаат во предвид

Франција vs Германија

Француската фудбалска репрезентација низ годините наназад важеше за исклучително француска. На јавноста и беа сервирани неколку афери надвор од теренот, „театри“ во него, судири со селектори, конфликти меѓу играчи, штрајкови, итн.

Од друга страна, Die Mannschaft отсекогаш важел за дисциплиниран тим за кој поранешниот англиски напаѓач, Гари Линекер во една прилика рече „фудбалот е едноставна игра во која 22 играчи бркаат топка 90 минути и на крајот секогаш победуваат Германците“. На последното ЕП во 2016 година се радуваа „триколорите“ кои се фаворити за победа и овојпат.

Нивната меѓусебна пресметка носи повеќе од национална гордост. По Брегзит, рамнотежата на силите меѓу Франција и Германија е под голем мониторинг. Во Франција има гласишта, особено од крајната десница, кои се загрижени за, како што велат, растечката доминација на Германија во рамки на европскиот проект. Натпреварот во вторник ќе побуди огромно внимание, а влогот е кој посилен партнер.

Кревката Белгија

Фудбалот е еден од последните начини за Белгијците да покажат чувство на припадност кон земјата. Па, доколку „црвените ѓаволи“ завршат на позиции при врвот или ја освојат титулата, Белгија, секако ќе биде сведок на уште еден редок бран на национализам, со издвоени лингвистички разлики додека преовладува црвениот декор на нивната гардероба со силна поддршка за Кевин де Бруин и неговите колеги во репрезентацијата.

Но, она што тамопните навивачи треба да имаат на памет се рестрикциите за заштита од коронавирус, што значи дека масовните улични забави што можеа да се видат за време на Светското првенство во 2018 година, малку веројатно е дека ќе се повторат во претстојниот месец на фудбалот.

Фламанските националисти кои сакаат да ги релаксираат врските со посиромашниот југ кој говори на француски јазик, ќе негодуваат без оглед на учинокот на фудбалерите на турнирот, особено во желбата и намерата за враќање на контролата до 2024 година по затворањето од сегашната федерална Влада и покрај тоа што уживаа поддршка од мнозинството на гласачкото тело.

Финска vs Русија

Ова е класичен фудбалски пример на приказната за Давид и Голијат. Финска, која сè уште е во еуфорија од дебитантското учество на голем фудбалски турнир, ќе се соочи со Русија која досега има 11 учества на ЕП (повеќе од „зборнаја“ има само Германија).

Поранешен фински министер за одбрана во една прилика посочи дека трите најголеми закани по безбедноста на земјата се „Русија, Русија и Русија“. Таа мантра важи и денеска. Евентуален пораз ќе ја одржува таквата статус кво состојба, евентуален триумф, пак, над импозантниот сосед и поранешен владетел ќе даде еден вид на меѓународно признание на земјата со пет милиони жители што не може да го добие само со Моминс и Маринеко.

Украина vs Русија

Бидејќи двете земји се вклучени во вистински конфликт, натпревар меѓу нив во групната фаза ќе нема, но загриженост кај полицијата, сепак, постои од евентуални „блиски средби“ на навивачи по улиците. Тензиите бележат пораст, а руските власти се револтирани од украинската страна која комплет дресови со мапа на земјата во која е вклучен и Крим, територија што беше анексирана од Русија во 2014 година, меутоа и со Доњецк и Луганск, две подрачја што се под контрола на проруските сепаратисти.

УЕФА во четвртокот ѝ наложи на Украина да ги смени комплетите за првенството по изнесените забелешки од Русија. Еден од слоганите на внатрешната страна на јаката на дресот е „Слава на нашите херои“, а на надворешната страна на дресот стои „Слава на Украина“.

Вршителот на должноста шеф на мисијата на Украина во ЕУ, Роман Андарак за politico изјави дека „расправата околу навистина опасна, затоа што Украина е Украина“.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во вторник се вклучи во расправата и на Инстаграм напиша дека комплетот на дресови е посебен.

„Дресовите знаат да шокираат. Се одликува со неколку важни симболи кои ги обединуваат Украинците од Луганск до Ужгород и од Чернихов до Севастопол, нашиша Зеленски.

„Нашата земја е една и не може да се раздели. Крим е Украина“, додаде Зеленски.

„Диктаторот Ердоган“ ја пропушта премиерата на „Олимпико“ 

Со оглед дека Марио Драги пред неколку недели го нарече „диктатор“ Реџеп Таип Ердоган, можеби е најдобро што турскиот лидер ќе го пропушти воведниот натпревар на турнирот – вечерва на „Олимпико“ против Италија, иако ќе присуствува на мечеви во Баку.

Тоа значи дека Ердоган ќе ја пропушти првата жена – официјално лице на Европските првенства. Стефани Фрапар, која беше прва жена која делеше правда во натпревар во машка конкуренција во Лигата на шампиони и на меч во француската Лига 1, ќе биде четврти судија вечерва на „Олимпико“.

Кампањските групи во Италија повикаа на составување на цел судиски колегиум со жени за вечерашниот натпревар, откако официјална Анкара се повлече од Истанбулската конвенција, европски договор за човекови права наменет за борба против насилство врз жените и како одговор на сексистичкиот третман на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Турција, кога беше спуштена на тросед, наместо да добие столче.

Баку и чувството на припадност

Меѓу куриозитетите на годинашното ЕП, што се протега низ цела Европа, е присуството на Баку, престолнина на Азербејџан, меѓу градовите домаќини. Азербејџан и Ерменија, соседи кои се во конфликт, не се пласираа на турнирот. На почетокот на оваа недела, Азербејџан ја одби акредитацијата на рускиот новинар Нобел Арустамјан што го образложи со неговите посети на регионот на Нагорно-Карабах во минатото каде се случуваа смртоносни судири во минатата година, потсетува АФП.

Одлуката на Азербејџан значи дека Арустамјан, ТВ коментатор со ерманско потекло, нема да смее да работи на ниту еден натпревар на ЕП 2020 и се однесува и на оние кои нема да се играат во Баку.

Фудбалските власти на Азербејџан, како што пренесува АФП, соопштија дека Арустамјан ги прекршил законите на земјата за посета на спорниот регион без дозвола на Баку. Инаку, процесот на акредитација е единствен и сите 11 земји треба да ги одобрат апликантите.

Баку во 2019 година беше домаќин на финалниот натпревар во Лигата на Европа.

Клекнување на колена пред мечевите

На ЕП 2020 доаѓаат и културолошки судири. Фудбалерите почнаа да клекнуваат пред натпреварите како поддршка на кампањата „И црните животи се важни“, како знак на протест против расизмот, социјалната неправда. Тоа главно почна да се применува пред празни трибини за време на пандемијата, но навивачите се враѓаат на стадионите и не сите се задоволни со тоа.

Англиските и ирските фудбалери веќе беа исвиркани за време на пријателските натпревари додека фудбалери на други репрезентации, како Хрватска на пример, планираат да останат на нозе.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го опиша клекнувањето како провокација за која нема место на теренот. Постојат низа причини зошто навивачите се против таквиот гест, вклучително и идејата дека нема место за политика во спортот. Сликите или звуците на навивачите, сеедно, кои ги исвиркуваат фудбалерите може само да поттикнат уште повеќе политичари за поддршка или осуда.

Волшебниот непријател

Шкотска – Англија е најстариот натпревар во меѓународниот фудбал, а најновата пресметката меѓу репрезентациите од Обединетото Кралство ќе се одржи во моменти на сè поизразеното движење за независност на Шкотска.

Евентуален триумф на Шкотска над Англија на 18 јуни на „Вембли“, нешто што Шкотланѓаните го немаат почувствувано од 1999 година, веројатно ќе го зголеми националистичкото расположение на север од границата. Додека ограничувањата за движење во услови на пандемија ќе спречи голема инвазија на шкотски навивачи во Лондон и во голема мера ќе спречи немири низ улиците на градот.

Резултатот од мечот сигурно ќе биде подеднакво важен за политичарите и во Лондон и во Единбург. Премиерот на Англија, Борис Џонсон не кажа за кого ќе навива на 18 јуни, но нема дилема дека посакува победа на Англија за да го смири сепаратистичкиот дух што ќе го предизвика Шкотска. За шкотската премиерка Никол Старџен, мечот ќе биде шанса за полнење на нејзиниот адреналин за независност.

ЕП 2020 политика спорт фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.