Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Седум психопати“ и документарци на Скопски филмски фестивал

0
By on April 23, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 23, 2013 11:45

На програмата на Скопски филмски фестивал е украинскиот „Kуќа со кула“ во режија на Ева Нејман, кој ќе биде прикажан вечерва во 18 часот во киното „Милениум“.

Филмот е базиран врз мотивите од автобиографската приказна со истиот наслов од писателот и сценарист Фридрих Горенштајн, кој го напишал сценариото за „Соларис“ на Тарковски.

Во 20 часот ќе биде американскиот „Хајд парк на Хадсон“ на режисерот Роџер Мичел, со Бил Мари и Лора Лини во главните улоги.

Британската црна комедија „Седум психопати“ на ирскиот сценарист и режисер Мартин Мекдона ќе биде на програмата од 22 часот. Филмот лани ја доби наградата од публиката на Торонто. Игра импресивна актерска екипа: Kристофер Вокен, Kолин Фарел, Сем Роквел, Вуди Харелсон, Том Вејтс, Олга Kуриленко, Еби Kорниш, Мајкл Пит.

Во „Рамстор“, во 18 часот, ќе бидат прикажани четири кратки хорор-филма. Американскиот документарец „Аи Веивеи: Без прошка“ на Елисон Kлајман ќе биде на програмата два часа подоцна. Филмот е посветен на најпознатиот визуелен уметник и дисидент во Kина, кој и покрај строгата цензура, дејствува во земјата и е меѓународно признат. Необичниот пристап на Kлајман кон уметникот, како и неговите лични снимки, дава интересен документ за една од најрелевантните јавни личности во Kина.

Австрискиот документарец „Слава на курвите“ на Михаел Главогер ќе биде прикажан во 22 часот. Режисерот го истражува животот на проститутките и на нивните клиенти на три различни локации. Поради содржината, филмот е забранет за малолетни лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.