Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сега и официјално: Ѓоковиќ го промовира Штепанек за свој нов тренер

0
By Нова ТВ on December 1, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ и официјално го промовира Радек Штепанек за нов член на неговиот стручен штаб. Потврда на гласиштата од последните неколку недели се случи за време на дружењето на српскиот тенисер со фановите во живо на Инстаграм.

„Радек е еден од моите најдобри пријатели на АТП турот. Отсекогаш бев импресиониран од нивото на негова одлучност, од страста што ја има кон овој спорт. Фактот што неодамна, во 37 година од животот, ја заврши кариерата доволно говори за неговата посветеност и љубов кон тенисот“, рече српскиот тениски ас чиј прв тренер останува Андре Агаси, но Американецот нема да биде во можност да биде присутен на сите турнири.

Ѓоковиќ откри дека ангажманот на Штепанек е идеја, токму, на Агаси што упатува, како што вели, на одличната меѓусебна соработката што ќе следува.

„Поседува големо искуство и знаење. Со години играше на високо ниво. Возбуден сум бидејќи ги обединивме силите и со нетрпение чекам за повторно да се натпреварувам. Ме чека долг пат за враќање каде што застанав. Свесни сме дека треба треба да одиме чекор по чекор, па затоа и нема да брзам“, додаде поранешниот светски рекет број еден.

Задоволство од договорот за соработка не криеше ниту Чехот. Штепанек истакна дека е почестен што станал дел од тимот на Ѓоковиќ, предизвик што воедно го прави среќен.

„Верувам дека како тим ќе бидеме од помош на Ѓоковиќ за остварување на неговите цели. Долги години сме пријатели и верувам дека тој однос може да се преслика во позитивна смисла и на терен. Се надевам дека со заеднички сили ќе успееме до резултати што ќе нè направат горди“, изјави Радек Штепанек.

Чехот не може да се пофали со значајни резултати во поединечна конкуренција во кариерата. Но, затоа може преку настапите во двојки, конкуренција во која има по една титула на Австралија опен и на Ју-Ес опен и две во Дејвис купот.

Новак Ѓоковиќ Радек Штепанек тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.