НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

0
By Marija Todorovska on October 17, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Меѓународниот ден посветен на искоренување на сиромаштијата, УНИЦЕФ повикува да се зголеми опфатот со парична помош за деца и преку повеќесекторски одговор до 2030 г. да се намали за половина детската сиромаштија.

УНИЦЕФ

Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика овој месец, над 120.000 деца во земјава, или 32,8 отсто од сите деца, живеат под националниот праг на сиромаштија. Стапката на сиромаштија кај децата е за 50 отсто повисока отколку кај возрасната популација (22 отсто) и се зголеми од 28 отсто во 2015 година на 32,8 отсто во 2021 година, покажувајќи со тоа дека децата се изоставени од економскиот развој на земјата.

Состојбата предизвикува голема загриженост имајќи предвид дека децата се поранливи на ефектите од сиромаштијата. Сиромаштијата во детството ги засега сите аспекти од животот и може да има доживотни последици врз физичкиот, когнитивниот и социјалниот развој на децата, и има висока цена врз човечкиот капитал и просперитетот.

Земајќи го ова предвид, со усвојувањето на Целите за одржлив развој во 2015, земјата цврсто се заложи до 2030 година да го намали за најмалку половина процентот на деца што живеат под прагот на сиромаштија. 

Недоволното инвестирање во социјалната заштита придонесе да има постојано недоволна опфатеност на децата во земјата. Јавните расходи за социјална заштита заостануваат зад другите сектори и се далеку под просекот на Европската Унија. Денес помалку од 23 отсто од домаќинствата со деца во Северна Македонија добиваат парична помош наменета за деца или домаќинства со деца, додека просекот во ЕУ изнесува 88,4 отсто.

Една од клучните можности за справување со детската сиромаштија е проширување на опфатот и подобрување на висината на паричната помош за децата што живеат во сиромаштија. Ова може да вклучи проширување на образовниот додаток за да ги опфати и децата во предучилишно образование кое е клучно за градење вештини што им се потребни на децата за да успеат подоцна во животот; подобро информирање и поддршка за да им се овозможи на семејствата пристап до паричната помош која им следува; и усогласување на паричната помош насочена кон децата со реалните трошоци на живот.

Земјата исто така би можела да размисли и за воведување универзална парична помош за деца, која на глобално ниво покажа дека државите може да си ја дозволат дури и во време на кризи, и е ефикасна политика за намалување како на вкупната сиромаштија, така и на детската сиромаштија. Универзалниот пристап – парична помош за секое дете – драстично ги намалува административните трошоци, ризикот да се исклучат некои деца на кои им е потребна помош и ризиците од стигма и дискриминација. Притоа универзалната парична помош за деца придонесува да се изгради и одржи социјалната кохезија, намалувајќи ја нееднаквоста.

Покрај подобрување на паричната помош за семејствата со деца, справувањето со детската сиромаштија, исто така, налага повеќесекторски одговор со цел децата да имаат пристап до основните социјални услуги, како што се образование, здравство, исхрана и заштита, без стигма и дискриминација. Ова опфаќа:

  • Воведување универзално здравствено осигурување за секое дете; тоа значи да не се условува здравственото осигурување на детето со статусот на осигурување на родителите.
  • Проширување на пристапот до предучилишно образование, што е пресудно за идниот успех во животот и претставува докажан пристап за справување со  меѓугенерациското пренесување на сиромаштијата.
  • Спроведување програми за намалување на стапките на напуштање на училиштето и поддршка за вклучување на децата со попреченост и децата вон образовниот систем.
  • Зголемување на достапноста и квалитетот на социјалните услуги како што се услугите за поддршка на родителите и други интервенции насочени кон семејството, а за поддршка и заштита на децата.

Темата на овој Меѓународен ден на искоренување на сиромаштијата – „Ставање крај на несоодветното постапување на општеството и институциите “ – нѐ потсетува на потребата од  осмислени активности за справување со предизвиците во пристапот до основните услуги и поддршка со кои се соочуваат  ранливите групи, меѓу кои се Ромите, децата што живеат со еден родител и оние што живеат во семејства со три и повеќе деца.

Развојот на политики и оценувањето на нивната ефикасност, исто така, бара редовно мерење на сиромаштијата и расчленети податоци. Ова налага инвестиции во капацитетите на националниот статистички систем за тој да генерира навремени извештаи кои ја покриваат и монетарната сиромаштија и социјалната исклученост.

Социјалната заштита е моќен придвижувач на правата на децата и на националниот развој. Владата во својата програма за работа се обврза да ја намали сиромаштијата и да ја зголеми помошта за најранливите групи, вклучително и децата и лицата со попреченост. Со проширување на социјалната заштита на децата, Владата, исто така, ќе придонесе за остварување на својот приоритет за забрзување и одржување на економскиот раст, повисок животен стандард и квалитетен живот за граѓаните. УНИЦЕФ продолжува да ги поддржува напорите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со што ќе обезбеди секое дете да има шанса за здрава и продуктивна иднина.

 

деца ЕУ сиромаштија УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.