Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секој десетти корисник на социјалните мрежи е анксиозен и депресивен

0
By Нова ТВ on October 10, 2019 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Притисокот што го налага новиот начин на живот,  посебно по појавата на социјалните медиуми создава основа за развој на депресија особено кај младите на возраст од 15-24 години.

Ова е пораката на докторите од ЈЗУ Универзитетска Клиника за психијатрија – Скопје при Светскиот ден посветен на менталното здравје.

„Од исклучителна важност е раното детектирање на проблемите кај младите кои се, се повеќе под притисок на влијанието и прекумерната употреба на социјалните медиуми, големото количество на информации кои не се слика на реалноста и создаваат услови за повлекување на младите , социјална изолираност и чувство на неприфатеност. Се почести се случаите на училишен мобинг не толку присутен во минатото. “, вели д-р Стојан Бајрактаров,  директор на ЈЗУ  Универзитетска Клиника за психијатрија – Скопје

Според него депресијата кај младите треба да се препознае и навреме да се третира, таа е излечива.

„Веројатноста да се појави анксиозно-депресивна симптоматологија кај адолесцентите поради претераната употребата на социјалните медиуми и интеренетот и отуѓеноста која тие ја создаваат, расте пропорционално на интензитетот на зависноста од овие медиуми. Според стручната практика, се повеќе млади во периодот од 15 до 24 години покажуваат склоност кон прекумерна употреба на интернет или покажуваат знаци на зависност кои често водат до депресија. Ваквиот начин на живеење, претераната употреба на друштвените мрежи, намалено родителско внимание, може да се појави таканаречен страв од исклученост или fear of missing out. Анксиозноста е поврзана и со стравот од исклучување од активностите на другите, а резултира со постојаната потреба за виртуелни контакти со другите и следењето што прават другите на социјалните мрежи. Автоагресивното однесување и социјалната дисфункционалност се поврзани токму со се поголемата присутност и влијание на виртуелната реалност, за што секако има удел и злоупотребата или претераното користење на електронските уреди и друштвените мрежи“, додаде директорот Бајрактаров.

Според некои истражувања, секој 10 ти корисник на социјалните мрежи, покажува знаци на анксиозно депресивна симптоиматологија.

„Важно е да се потенцира оттуѓувањето, изолацијата, намалената комуникација меѓу луѓето и чувството на осаменост се силно асоцирани со суицидално однесување и токму тука институционално треба да реагираме во превенција и зголемување на свесноста за сериозноста на овој проблем.  Постоењето на стигма поврзана со менталните растројства и самоубиството, подразбира дека многу луѓе кои планираат да извршат или веќе извршиле обид на самоубиство не бараат соодветна помош и не ја добиваат помошта која им е потребна. Потешкотиите во превенцијата на самоубиство главно потекнуваат од ниската свест за самоубиство како битен здравствен проблем како и постоењето на табу во општеството  отворено да се зборува за тоа, вели директорот на Клиниката за психијатрија.

Земајќи предвид дека во светски рамки самоубиството е водечка причина за смрт во старосната популација меѓу 15 и 29 години, веднаш по сообраќајните несреќи, се согледува потребата од превенција. Во глобални рамки, околу 800 000 луѓе во светот умираат секоја година како резултат на самоубиство, што би значело едно лице на секои 40 секунди. Во Македонија во 2018 година се регистрирани 121 самоубиства од кои 35 на млада возраст од 15 до 35 години.

Д-р Бајрактаров додаде дека иако постои силна врска помеѓу самоубиство и ментални растројства (најмногу депресија, злоупотреба на алкохол, психотични нарушувања), факт е дека дел од самоубиствата се случуваат импулсивно, во моменти на криза со пад на можностите на човекот да се справи со стресови, осаменост, изолираност, како и финансиски проблеми, хронични болести, загуби, насилство, интерперсонална злоупотреба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.