Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секој трет тендер со еден понудувач, 605 договори во четири очи

1
By Нова ТВ on June 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни – декември 2016 година.

Клучни наоди од мониторингот на јавни набавки се:

Во 2016 година дури 23% од тендерите се целосно или делумно поништени. Почесто се поништувани поголемите, отколку помалите тендери. Во мониторингот се евидентирани низа примери на проблематични поништувања на тендерите.

Речиси секој трет тендер е со еден понудувач. Ова е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првото полугодие од 2016 година.

Бирократизацијата на постапките за јавни набавки со барањата согласност од Советот за јавни набавки не губи значително од интензитетот. Во 2016 година договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра.

Иако била планирана во сите тендери, е-аукцијата е одржана само во 55% од мониторираните постапки.

Во 2016 година се склучени 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20%  повисока од 2015 година. Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД Електрани на Македонија за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра.

До Државната комисија за жалби по јавни набавки во 2016 година доставени се само 557 жалбиод фирмите. Бројот на жалби упатува на исклучително мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од страна на фирмите од 3%.

јавни набавки тендери Центар за граѓански комуникации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.