НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Села:Не ги признаваме овие избори, се вршеше поткуп и уцена на гласачи

0
By Нова ТВ on October 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села не ги признава резултатите од денешното гласање на локалните избори. Вели дека во Струга имало поткуп и уцени на гласачи вршени од партиски активисти заедно со полицијата на како што рече, „правната држава“.

„Не го признаваме овој резултат, рече Села и најави дека ќе достават жалби до општинската изборна комисија и до Државната изборна комисија.

Тој му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека го чека на парламентарни избори и оцени дека лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев иако декларативно се залагал за живот, рамноправност и соживот, успеал уште повеќе да ја продлабочи  делбата помеѓу етничките заедници во Струга.

„Имајќи предвид дека демократијата е волјата на мнозинството, а мнозинството во Струга е на албанското  население, во сите албански села 100 проценти и кај албанското гласачко  тело го имаме победено ДУИ  и  тоа со длабок резултат  од два спрема еден. Останува  сега тој да даде одговор. Не сме ги  изгубиле изборите. Напротив, ако некој сакал да удира врз мојот легитимитет како претседател на Алијансата на  Албанците ме направиле уште посилен. Али Ахмети те чекам на парламентарни избори“, изјави Села.

Според неофицијалните информации на партиите, Рамиз Мерко – кандидатот на ДУИ, поддржан од СДСМ го победи Села за околу 500 гласови.

Зијадин Села локални избори 2017 Рамиз Мерко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.