Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Села: Се соочуваме со вистински масакр во судството, десетици судии и обвинители се под тотална контрола на ДУИ

0
By Biljana on April 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седум години од кога беа објавени првите „бомби” од СДСМ, не видовме речиси никакви пресуди во случаи на корупција и криминал на високо ниво, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес конференција каде објави податоци од нивното истражување за, како што наведе, „заробувањето на судскиот систем од ДУИ”.

Според него, за случаите „Маџар Телеком” против Али Ахмети и Муса Џафери, случајот „Пациент” против Бујар Османи и случајот „Титаник 3″ против Ејуп Халими, сите се амнестирани.

– Се соочуваме со вистински масакр во судството, со десетици судии и обвинители под тотална контрола на ДУИ. Значи, тоа што го најдовме покажува систематско заземање од страна на ДУИ на секој суд и секоја обвинителска инстанца, без исклучок, рече Села и посочи дека тие што го заробија/заземаа судството имаат име и презиме и тоа се Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билент Саљији и Агим Нухиу, сите министри на Али Ахмети.

Села, при објавување на ова истражување на Алијанса на Албанците, истакна дека во Судскиот совет, ДУИ го поставил Селим Адеми, висок партиски функционер дојден директно од Министерството за правда.

– Управниот суд е орган кој ја штити уставноста и законитоста. Таму ДУИ контролира не помалку од четворица судии: претседател на судот Бурим Сејдини, поранешен секретар на општина Зајас, Газменд Фејзули, кому Судскиот совет му го одзеде имунитетот за злоупотреба на службената положба во случајот Титаник. Имсале Хасани, сестра на Ирфан Асани, поранешен директор на Македонски железници (МЖ) од ДУИ и Елеонора Хамулиќ – Ајро, сопругата на обвинителот за организиран криминал и корупција, Артан Ајро, додаде Села.

Според Села, во Врховниот суд, ДУИ го има поставено Шпенд Деваја, сопругот на Теута Арифи, потпретседателката на ДУИ и поранешна градоначалничка на Тетово отстранета од тетовчани на последните локални избори поради коруптивни афери.

– Апелационите судови одлучуваат за жалбите против одлуките на основните судови и за судир на надлежности меѓу нив. На ова ниво, ДУИ има поставено своите луѓе: Шефајет Хајдари во Гостивар, судија близок на Невзат Бејта и со сопственикот на Дурмо Турс кој е познат како финансиер на ДУИ, посочи Села.

Свои луѓе ДУИ, како што додаде Села има и во основните судови кој работат на кривични и граѓански предмети. Меѓу судиите кој беа спомнати на оваа прес конференција беа Осман Шабани од Кривичниот суд Скопје, за кој Села, вели е судија близок до Блерим Беџети, Хасан Асани од Тетово, поранешен претседател на огранок на ДУИ во Брвеница, Абдула Азари исто така од Тетово, поранешен активист на ДУИ во Теарце и поранешен заменик генерален секретар на Владата., Амдије Зенку во Кичево и др.

Како заробена институција Села, го процени и Народниот правобранител.

– Во секоја судска институција доволен е повик од Мала Речица за да се запрат или саботираат кривичните гонења секогаш кога ќе се чепне во интересот на ДУИ. Веќе се познати методите на заробеното судство. Тие почнуваат во почетната фаза на истрагата со заобиколување на електронскиот систем за случајна распределба на предметите. Така тие внимаваат и се трудат предметот каде што се засегнати нивните интереси да оди на маса на обвинителите и нивните судии и потоа истите да ги саботираат предметите преку трикови како: незапазување на роковите за започнување на разгледувањето по поднесувањето на обвинението и др., рече Села.

За излезе од ова состојба и подобрување на судскиот систем во државата претседателот на Алијанса за Албаниците, Зијадин Села, предложи Европската комисија да спроведе дополнителни проценки за владеењето на правото, предводени од независни експерти, слични на Извештајот на Прибе, формирање работна група за реформи во судството и за сеопфатна проценка на причините за заробувањето на судството.

вести ДУИ Села судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.