Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Селекторот на Косово: Го сменив презимето да ја избегнам ЈНА и Вуковар

0
By Нова ТВ on October 5, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алберт Буњаку вели дека ја избришал последната буква и така успеал да избега во Шведска од војната во Југославија во 1991 година

 

Селекторот на фудбалската репрезентација на Косово, Алберт Буњаку со интересна исповед пред дуелот против Хрватска во Скадар во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година. За време на мечот во Скадар тој истакна дека го сменил презимето со бришење на последната буква со цел да избегне покана од ЈНА, одење во Вуковар и бегање од Југославија во 1991 година. И, како што вели, успеал во тоа и завршил во Шведска.

„На сите ни беше јасно што се случува. Ќе требаше да одам во Вуковар, но си реков „Не, ти нема да пукаш на луѓе. Бегај од тука“. Така и сторив и избегав од државата“, открива Буњаку.

Буњаку е роден во Приштина во 1971 година. Во 1991 година, како член на истоимениот клуб од неговиот роден град, добил покана за служење на воениот рок. Притоа тврди дека за избегнување на обврската кон ЈНА добил затворска казна од 20 години од тогашните државни органи.

alberti-1„Јас сум Буњаку. Со „у“ на крајот на презимето. Но, морав да го избришам пред 25 години за да избегам од Југославија. За секој случај, ја изоставив последната буква да не можат да ме најдат“, посочува косовскиот селектор и продолжува:

„Видете, ова се случуваше во 1991 година. Јас студент, па и фудбалер. Стигна поканата од ЈНА и знаев што може да ме очекува. Не сакав ни да помислам дека би можел да завршам во Вуковар. А, војната веќе траеше“.

Колку има вистина во ваквите негови искази знае само тој. Никој не може да тврди дека се веродостојни, но никој не може да оди и во спротивен правец со оглед на хаосот во тој период. Многумина, сепак, се сомневаат дека Буњаку со ова сака да се додвори на Хрватите пред натпреварот во Скадар каде во септември гостуваше и фудбалската репрезентација на Македонија, но на Албанија. Интересот за првиот настап на Косоварите во официјален меч на „домашен терен“ е огромен. Информациите од Албанија велат дека билетите за натпреварот биле распродадени за неколку часа.

Алберт Буњаку Косово селектор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.