Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Село гори, но баба не се чешла – се менуваат членови на управни одбори

4
By Нова ТВ on September 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 6, 2016 14:24

Два дена пред изборот на преодната влада направени се куп измени во раководните органи на 30-тина државни институции. Сменети се директори, советници, членови на управни одбори.

Најголем дел од промените се во Центрите за социјални грижи кои се под капата на Министерството за труд и социјална работа, институцијата каде беше извесно дека ќе биде сменет министерот Диме Спасов, а на негово место ќе дојде министер од редовите на СДСМ. На владина седница на 30 август сменети се членови во 12 управни одбори на центри за социјални грижи, а измени се направени и во Специјалниот завод Демир Капија и Домот за доенчиња во Битола.

Измени има во управните одбори во Центрите за социјални грижи во Скопје, Неготино, Валандово, Охрид, Тетово, Прилеп, Кочани, Демир Хисар, Велес, Радовиш, Свети Николе и Ресен. Во некои се сменети по еден, во некои по два члена на Управните одбори.

Нов дом и за членови на ГДОМ

Освен во овие социјални институции, владата на бегање смени и претставници во научни установи. Избран е нов состав на Институтот за национална историја, а како претставник во Советот е именувана професорката Виолета Ачковска, член на ГДОМ. Таа во последните две години во повеќе наврати се истакна како поддржувач на политиките на ВМРО ДПМНЕ, отворено зборуваше против западните амбасади во земјава, а беше предмет и на многу скандали поврзани со вработувања на членови на нејзиното семејство во државните и јавни служби кои многумина ги толкуваа како своевидна „благодарница“ за поддршката на власта.

ацковска
Виолета Ачковска – истакнат член на движењето ГДОМ

Сменет е и составот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ Скопје, каде се именувани седум избраници на Владата, а целосно е сменет и составот на Советот за македонски јазик.

Измени се направени и во Управните одбори на Центарот за стручно образование и обука, Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и Центар за образование на возрасните.

Освен во Управните одбори, владата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ на последната седница во тој состав, ги сменила и директорите на Национален парк Пелистер во Битола, Националниот парк Галичица во Охрид, а за директор на Управата за прашања на борците и воените инвалиди, повторно е назначен Бранко Јаневски.

janevski
Бранко Јаневски – претседател на СДПМ

Јаневски е претседател на Социјал демократската партија на Македонија, која на секои избори излегува со листи за пратеници со имиња слични на оние од СДСМ, со цел да ги збуни гласачите. Така, носители на изборни листи на минатите избори беа имиња како Рада Шекеровска, Зоран Зашев и Игор Ивановски.

Ден пред изборот на преодната влада, беа разрешени и именувани директори на Управата за безбедност и контраразузнавање, Бирото за јавна безбедност, Управата за финансиска полиција. А, во друштвото за Гинис влезе и еднодневниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов, кој од функцијата експресно си замина.

Зошто се важни управните и надзорните одбори

Управните и надзорните одбори во институциите имаат улога на контролен механизам којшто треба да се грижи за регуларноста на работењето на институциите и за спроведувањето на законите. На пример, ЈП Водовод не би можел да гради барокна зграда доколку тој трошок не биде изгласан од Управниот одбор кој е независно тело, неговите членови не се вработени иако добиваат надоместоци. А нивната работа, пак, потоа ја разгледува Надзорниот одбор. Составите на овие одбори често биле предмет на контроверзи во јавноста.

Еден од стотиците илустративни пример е оној со правничката вработена во Кабинетот на претседателот на владата, Сања Минкова. На предлог на владата, таа во 2013 стана претседател на управниот одбор на ЈП за државни патишта, а потоа стана и член на одборот на директори во Тутнскиот комбинат Прилеп, исто така, на предлог на владата. Нејзината сестра е сопруга на Јовица Латиновски, синот на градоначалникот на Бутел. Овој случај своевремено беше разработуван од страна на новинарите како илустрација за влијанието на извршната власт врз контролните механизми на институциите.

 

 

Бранко Јаневски Виолета Ачковска Влада државни институции Управен одбор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.