Published: Tuesday, September 27, 2016 22:28
Сем Алардајс си замина од менаџерското место на клубот Англија, по заедничкиот договор со Фудбалската асоцијација по еден меч и 67 дена на работното место.
Заминувањето следи по новинарското истражување кое откри дека тој нудел совети за тоа како да се заобиколат правилата за трансферите на играчите.
Алардајс наводно ја користел својата улога за да преговара зделка вредна 400 илјади фунти.
„Тој прифаќа дека направи значајна грешка на расудување и се извини“, објавија од фудбалската асоцијација.
Новинарите на Телеграф се претставиле пред Алардајс како странски инвеститори, на што тој наседнал и говорел пред скриената камера упатства како да се заобиколат правилата за трансфер на играчи.




