Македонија прогласи кризна состојба на границата со Грција.
Повеќе од 2.000 мигранти, или попрецизно кажано бегалци, од Сирија, Авганистан, Ирак, дури и од далечниот Пакистан, влегуваат во Грција секојдневно. Тоа се 2.000 на ден.
Потоа Грција им дозволува слободно да излегуваат контериторијата на Македонија, а оттаму во Србија, Унгарија, и земјите од Западна Европа како Германија, или Северна Европа, главно во Велика Британија или скандинавските земји.
Она што засега е јасно, е дека мигрантите не сакаат да останат на територијата на Македонија. Тие не сакаат да живеат овде. Исто така јасно е и дека како што ја поминуваат Македонија, процес кој трае околу десет дена, зад себе оставаат многу пари – купуваат храна, велосипеди, ги подмитуваат полицајците и чуварите на границите. Досега се оставаат околу 10 милиони евра во локалната економија.
Зошто одеднаш паника? Зошто хистерија?
Не сакаат да останат овде, тие само поминуваат и оставаат многу пари. Што ни кажуваат економските податоци кога се работи за миграцијата, а особено ваквиот начин на миграција? Дали е тоа позитивно, или негативно за земјата? Како и секое друго прашање во економијата, одговорот е: Зависи. Што се однесува до богатите развиени земји, миграцијата има само позитивни ефекти, па дури и нелегалната миграција. Но кога зборуваме за сиромашните земји во развој како Македонија, ефектите на краток план се доста негативни и опасни. На долгорочен план пак, се високопозитивни и здрави за економијата.
Да почнеме со негативните ефекти. Како што бегалците влегуваат во земјата, во големи бранови и неконтролирано, под голем притисок ја ставаат и инфраструктурата. Ги користат водата, канализацијата и струјата, а инфраструктурата не е подготвена за толкав број на луѓе – досега, тоа се повеќе од 50.000, така што се стреми кон колапс.
Вториот ефект е дека тие што остануваат, поголемиот дел од нив нелегално, се натпреваруваат со локалното население за работа која бара ниско ниво на знаење и вештина, и работни места за необразованите. Поради овој нефер натпревар, платите се стремат кон намалување. Мигрантите ги потиснуваат локалните плати.
На крајот го имаме социјалниот систем. Мигрантите ги користат социјалните бенефити многу повеќе од локалното население.
Поради ова, лимитираните ресурси на една сиромашна земја како Македонија, се изложени на притисок.
Исто така, бидејќи голем дел од мигрантите, односно бегалците, се млади, нивното присуство во земјата ја зголемува невработеноста кај младите. Повеќето од земјите на Балканот имаат младинска невработеност која е над 50 %. Секој втор млад човек нема работа. Кога мигрантите доаѓаат во такви земји, тие се натпреваруваат со младите директно за овие работни места, така што општо ја зголемуваат младинската невработеност.
Како е да е, доколку на мигрантите им се дозволи да останат легално во земјата, доколку им се дозволи да изградат нов живот во земјата каде што се, дури и кога земјата е сиромашна, дури и кога таа е во развој како Македонија, на долгорочен план ефектот е доста позитивен. Природно е дека мигрантите јадат и конзумираат, така што ја зголемуваат домашната потрошувачка. Со нејзиното зголемување, тие креираат нови работни места за локалното население. Мигрантите исто така отвораат нов извозен пазар во нивните земји, така што со себе носат многу контакти од регионот од каде што избегале. Со тоа локалните компании имаат можност да тргуваат со нивните матични земји.
На долгорочен план, мигрантите плаќаат данок и се доста претприемчиви, и обично отвораат мали семејни бизниси. Плаќајќи данок, тие придонесуваат во даночната каса.
Како што претходно кажав, голем дел од нив се млади и на долгорочен план мигрантите ја подмладуваат земјата. Македонија старее, младите си заминуваат, а старите остануваат тука.
Македонија има потреба од нови млади луѓе. Мигрантите исто така плаќаат придонеси за пензија, така што го помагаат пензискиот систем. Тие плаќаат и здравствени придонеси, и го помагаат и здравствениот систем. Мигрантите на долгорочен план, дури и во сиромашни земји, се од корист и благодет.
Земјите кои во минатото прифатиле мигранти, напредувале и просперирале на долгорочен план. Добар пример за тоа е Отоманската империја, која ги отворила вратите на Евреите од Шпанија, кои биле избркани во 1492 година. По угнетувањето на еврејската популација, Отоманската империја всушност и станала империја. Евреите придонеле за нејзиното издигнување.
Што треба Македонија да направи? Како и обично, како и останатиот дел од Европа, Македонија импровизира и нема план за брзо справување, а треба да го има. Со еден таков план, треба да прими некои од мигрантите и да им дозволи да живеат во Македонија. Мигранти со развиени вештини кои се потребни во Македонија, мигранти кои имаат пари да инвестираат, мигранти со деловни контакти во земјата од каде доаѓаат, мигранти претприемачи кои ќе придонесат за вработување на други луѓе.
На ваквиот тип на миграти, високообразованите и способните, оние со пари, треба да им се дозволи да останат во Македонија, бидејќи на долгорочен план тие можат да придонесат многу.