Семејството на директорката на фотографија, Халина Хачинс, која случајно ја застрела и уби Алек Болдвин во октомври лани за време на снимањето на филмот „Раст“ (Rust), поднесе тужба против него и останатите лица од продукцијата.
Иако многумина мислеа и очекува дека семејството ќе го стори тоа веднаш по несреќата, сепак на таков чекор се решија пола година подоцна.
Во тужбата како одговорни се наведени Алек Болдвин и останатите кои биле должни да се грижат за безбедноста на луѓето за време на снимањето. Нивното непромислено однесување доведе до трагична смрт на Халина Хачинс, наведе Брајан Периш, адвокат на семејството Хачинс.
Потсетуваме, Болдвин претходно рече дека не знаел оти во пиштолот има вистински куршум и дека не го повлекол чкрапалото.
„Фактот дека во пиштолот имало вистински куршум ми дојде на памет по 45 минути од инцидентот“, рече Болдвин во интервју за „Еј-Би-Си њуз“ во декември.




