Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЕММ: Измисленото интервју во „Република“ обид за дезинформирање

0
By Нова ТВ on November 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) преку соопштение реагира на вчерашното измислено интервју со поранешниот претседател на Република Македонија Бранко Црвенковски во онлајн медиумот Република (република.мк), оценувајќи го како обид за дезинформирање и манипулирање со јавноста.

– И покрај тоа што редакцијата користи сличен формат на објавување информации, како и некои меѓународно познати сатирични изданија, сепак, се занемарува веројатноста дека таквите содржини многу лесно би можело да бидат прифатени како вистинити, а особено доколку се поврзани или се однесуваат на политиката или актуелни случувања. Редакцијата на Република, на крајот од интервјуто, наведува дека тоа е дел од рубриката “Двоглед“ и образложува дека „секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна“. Но, притоа не нагласува експлицитно и доволно јасно дека содржината не кореспондира со реалноста. Веројатноста за дезинформирање на граѓаните е уште поголема доколку читателот се задржи само на насловот и накратко помине преку содржината.

Според СЕММ, во ера кога ширењето лажни вести е вистински проблем, објавувањето содржини од ваков вид дополнително може да ги поттикне таквите тенденции.

– Несоодветното и неодговорното користење сатирични содржини може да се разбере и како промовирање дезинформации од идеолошки причини, правејќи инсинуации што се штетни за општеството. Освен тоа, ваквите содржини лесно и брзо се шират на социјалните мрежи и Интернет и може да привлечат големо внимание од страна на граѓаните. Одговорното новинарство подразбира дека известувањето, без оглед на жанрот што се користи, секогаш мора да биде во служба на вистината и етичките стандарди, се наведува во реакцијата на Советот за етика во медиумите.

измислено интервју Република СЕММ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.