Маринците на САД, ЦИА и Белата куќа се на готовс бидејќи денеска се објавува Извештајот на Разузнавачкиот комитет на Сенатот кој вреди околу 50 милиони долари, кој ги истражува разузнавачките техники за време на владеењето на Џорџ Буш по нападите на 11.септември 2001 година, пренесува CNN.
Денеска ќе биде презентиран дел од извештајот, односно 480 страни од вкупиот кој содржи повеќе од 6.000.
Објавата на Извештајот доаѓа по шест години од претседателската функција на Барак Обама и завршните денови на Демократската партија во контрола на Сенатот.
Според брифинзи од анонимни претставници, истражувањето содржи „грди детали“ од програмата на ЦИА, за смртта на притвореници и лошо изменаџираната програма.
Извештајот ќе детализира 20 наоди, плус 20 студии на случај според кои се илустрираат погрешните интерпретации на ЦИА програмата. Потрагата по Осама бин Ладен е една од 20-те студии на случај.
Земјите кои соработувале со ЦИА, и им помагала во пренесување на затвореници , ќе бидат идентификувани под предмет а не по име. Службениците на ЦИА ќе бидат под псевдоними во извештајот, и нема да бидат идентификувани
– Ќе ви го кажам ова. Среќни сме што имаме мажи жени кои напорно работат во ЦИА за нашата земја. Овие луѓе се патриоти, и што и да каже извештајот ние сме среќни што имаме такви луѓе, изјави Буш кој напомена дека се уште го нема прочитано извештајот.
Повеќе од стотина притвореници поминале низ разузнавачката програма на ЦИА а околу третина биле изложени на „напредни техники на испрашување“ како што се симулација на давење во вода, изложеност на ниски температури, лишување од сон.
Агенцијата сега ја оспорува програмата и смета дека била погрешна и напомена дека нема да биде повторена.




