Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сепак, може да доаѓаат и наеднаш

0
By Zoran Ivanov on October 5, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 5, 2025 01:41

Останува нејасно дали со оваа изјава Мицкоски сака само да се оправда за досегашните неуспеси или пак сака од напред да најави дека нема способност за позначајна промена до крајот на неговиот мандат. Или пак се спрема за уште неколку децении неуспеси?

Марјан Забрчанец

ВМРО-ДПМНЕ речиси во секој свој спот повторува дека промените не доаѓале наеднаш, дека требало трпение, морало чекор по чекор. Јасно е дека тоа го прават како оправдување за катастрофално лошиот перформанс во првата година и пол откако ја имаат централната и апсолутната власт и за дебаклот во Скопје и општините после четири години локална власт.

Правдањето зема радикални размери со обраќањето на Мицкоски лично во еден од спотовите во кој вели дека “за вистинската промена биле потребни децении”.

Останува нејасно дали со оваа изјава Мицкоски сака само да се оправда за досегашните неуспеси или пак сака од напред да најави дека нема способност за позначајна промена до крајот на неговиот мандат. Или пак се спрема за уште неколку децении неуспеси?

Додека ја разјасниме оваа дилема, еве 11 домашни примери кои покажуваат дека за вистински промени не се потребни децении, туку решителност, посветеност, креативност и сојузништва.

  1. За две години – Решавање на спорот со Грција и членство во НАТО (2018 – 2020)
  2. За четири години – Решение за обештетување на сите стечајци во Македонија (2017 – 2021)
  3. За седум години – Раст на минималната плата за повеќе од 100% (10.000 ден во 2017, 22.000 денари во 2024) и раст на просечната плата за 85% (23.500 ден во 2017, 43.500 денари во 2024 година)
  4. За година и пол – Владата стана прва по транспаретност и отвореност во регионот, а бевме последни (2017 – 2018)
  5. За две години – Социјална помош се зголеми за 300% (2017 – 2019)
  6. За четири години – 60 изградени и реновирани градинки (2017 – 2021)
  7. За пет години – Повеќе од 130 милиони евра вратени директно на сметките на граѓаните преку проектот Мој ДДВ (2019 – 2024)
  8. За две години – 700 милиони евра вкупна исплатена помош за граѓаните и стопанството за справување со последиците од Ковид-19 (2020 – 2022)
  9. За пет години – Отворен Балкан ги укина работните дозволи меѓу Македонија, Албанија и Србија, воведе зелени ленти за границите за брз проток на транспортерите, ги усогласи МТАГ бесконтактните патарини и ги активираше механизмите за помош меѓу трите држави при несреќи и катастрофи (2019 – 2024)
  10. За пет години – Македонскиот јазик признаен и ставен во употреба во Европската Унија – после решавањето на спорот и Грција и усвојувањето на “францускиот предлог”, Северна Македонија потпиша официјален договор со ЕУ (Фронтекс) на македонски јазик, а Унијата отвори повик за толкувачи на македонски јазик за официјален превод на сите документи поврзани со преговарачкиот процес (2019 – 2024)
  11. За девет месеци – Укинување екстерно тестирање, враќање евтина тарифа на струја, намалување ДДВ на парно од 18 на 5%, укинување радиодифузна такса (2017 – 2018 година)

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

колумна Марјан Забрчанец ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.