Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сепак протестна нота до Софија – Џамбаски претера со омразата и навредите

0
By Соња Крамарска on October 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе прати официјална протестна нота до Бугарија поради последната изјава на европратеникот Ангел Џамбаски кој упати навреди на адреса на премиерот Димитар Ковачевски.

Османи вели дека реакцијата ќе биде на изјавата на европратеникот како говор на омраза, која според сите и меѓународни и билатерални договори што ги имаме со ЕУ е основа за да се реагира.

„Иако досега се обидувавме да го игнорираме, затоа што целта на европратеникот е да ги искористи тие реакции за себепромоција, овој пат ги надмина сите граници на провоцирање и тука мора да реагира и бугарската држава бидејќи тоа се веќе територијални претензии и навредлив говор кон народ и тоа нема да го премолчиме“, рече денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи.

И министерската за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на денешната прес-конференција со Османи го осуди однесувањето на бугарскиот европратеник Џамбаски.

„Министерот Османи ме извести и за овој немил настан на Џамбаски. Се надевам дека денеска ќе испрати дипломатска нота. Станува збор за навреда на граѓаните на Северна Македонија и јас бев сведок и ги осудував неговите активности, изјави и сите тие провокации во период кога државите обезбедуваат позитивна средина во вакви услови. Ги повикувам сите пријатели во Бугарија да се воздржат од несоодветни коментари кои внесуваат раздор, нерасположение и конфликти меѓу населението. Секоја провокативна, навредлива изјава бара реакција, министерот ја кажа реакцијата со вербална нота, јас тоа го поддржувам и во слична ситуација и јас би реагирала така“, изјави Фајон.

Во видеообраќање, пред карта на голема Бугарија, со делови на Албанија, Србија и цела Македонија во неа, Џамбаски изрече серија навреди кон премиерот Димитар Ковачевски, но и кон нашата држава. Тој го нарече македонскиот премиер „машка секретарка“ на средбите на бившите премиери Бојко Борисов и Зоран Заев, а за македонизмот рече дека е „антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка идеологија која има задача да ги искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија“, притоа оценувајќи дека се работи за  „фалш идентитет кој е антибугарски“.

Ангел Џамбаски Бујар Османи протестна нота
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.