Published: Thursday, February 23, 2017 15:56
Осумнаест лица се повредени во серија експлозии во фабрика за машини во чешкиот град Полички.
Првата експлозија се случила во 11 часот во халата за производство, а потоа следувале и други, што претставувало тешкотија за спасувачите да пристапат во зоната на фабриката во околината на градот кој се наоѓа на 150 километри источно од Прага, изјави портпаролката на полицјата Хана Кајзанова.
Полицијата се уште не знае каква материја ја предизвикала експлозијата.
Шефот на регионалната служба за спасување Павел Свобода вели дека најмалку тројвца од спасувачите се повредени, а надлежните ги предупредиле граѓаните да го избегнуваат подрачјето.




