Published: Monday, September 5, 2016 11:19
Најмалку 20 луѓе се убиени во областите во Сирија кои се под контрола на владата и Курдите, соопштуваат државните медиуми, пренесува Би-Би-Си.
Експлозии го погодија крајбрежниот град Тартус, централниот град Хомс, Дамаск, а под контрола на Курдите северо-источниот град Хасаки, се наведува во извештаите.
Повеќето од нив беа убиени во напади во Тартус, дом на главната руската база во Сирија. Градот последно беше погоден од бомбашки напади во мај од страна на т.н. Исламска држава (ИС).
Гувернерот на провинцијата Хомс рече дека во автомобил-бомба експлозија во близина на воен контролен пункт загинале најмалку двајца војници, а еден е во критична состојба.
Постои сомнеж дека зад нападите стои ИД, но досег аникој не ја презел одговорноста.




