Стотици илјади демонстранти излегоа на улиците на Сеул, шеста недела по ред, барајќи оставка од претгседателката на Јужна Кореја Парк Гуен хје поради вмешаност во коупциски скандал.
Како што објави агенцијата АФП, протестот е организиран неколку часа откако опозициските партии поднесоа барање за смена на претседателката за која пратениците следниот петок ќе гласаат доверба, бидејќи демонстрантите бараат таа веднаш да си замине од функцијата.
Барањето за смена на Парк е потпишано од 171 лице, а за да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот, односно барањето треба да го поддржат и пратениците од владејачката партија на претседателката.
Таа на 29 ноември побара од Парламнтот да најде начин да си замине од функцијата без притоа да се предизвика криза. Претседателката истакна дека ќе ја предаде власта во согласност со законот кога ќе се најде начин без политички немири и без вакуум простор.
Јужнокорејската опозициска Демократска партија ја одби понудата на Парк нарекувајќи ја заговор за да избегне гласање за доверба.
Парк досега двапати се извини за корупцискиот скандал во чиј фокус е нејзина блиска пријателка и соработничка која е уапсена поради тоа што наведувала компании да инвестираат во сомнителни фондови и тие пари ги користела за лични потреби




