Уставниот суд во Јужна Кореја денеска донесе едногласна, историска одлука со која и формално ја смени претседателката Парк Геун хје поради корупцискиот скандал кој предицика големи политички потреси и ги влоши постоечките национални поделби.
Судската одлука предизвика протести во кои две лица загинаа, меѓу кои и еден 72 годишен маж кој бил повреден во протестите и починал во болница, пренесуваат агенциите.
Со одлуката на судот потврдено е отповикувањето на претседателката Парк што Парламентот го изгласа на 9 декември, со што таа стана првиот демократски избран лидер кој е сменет од функцијата.
Првата жена претседател на Јужна Кореја, ќерка на воениот диктатор од времето пред Студената војна чии родители се убиени, денеска не с епојави во судот, а претседателската канцеларија соопшти дека таа денеска нема да ја напушти резиденцијата и нема да дава изјави за судската одлука.
Уставот предвидува претседателските избори да се одржат во следните 60 дена.
Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја Хванг Кјо ахм денеска изјави дека ја почитува одлуката на Уставниот суд и дека Кабинетот ќе ја стабилизира земјата за да спречи интензивирање на внатрешните судири.
Парк Геун хје е сменета поради скандалот поврзан со корупција во која се вмешани јужнокорејски конгломерати, во моментот кога се засилени тензиите со Северна Кореја и Кина.
До смената доаѓа по повеќемесечна парализа на земјата и нереди во кои стотина илјади луѓе излегуваа на улиците во знак на протест против коруоцискиот скандал поради кој и директорот на Самсунг заврши во затвор.
Парк (65) веќе нема претседателски имунитет и сега може да се соочи со кривични обвиненија за корупција, изнуда на пари и злоупотреба на овластувањата во врска со наводите дека правела заговор со својата пријателка и советничка Чои Сун сил.




