Кенет Беј и Метју Тод Милер се слободни да ја напуштат Северна Кореја и наскоро се враќаат дома, соопшти американската влада денеска, со што повеќе нема ниту еден американски државјанин во затворите во земјата на Ким Јонг ун.
Авионот со ослободените американски државјани е на пат кон САД. Минатиот месец Северна Кореја го ослободи Американецот Џефри Фоул.
Претходно, Пјонгјанг го осуди Метју Милер на шест години затвор, под обвинение за непријателско дејствување и илегален премин на границата.
Кенет Беј пак во ноември 2012 беше уапсен на пристаниште на градот Расон, кој е прогласен за посебна економска зона. Тој беше осуден на 15 години затвор.
На денешната одлука за ослободување на американските државјани и претходеше посетата на американскиот директор на Државната разузнавачка служба Џејмс Клапер кој беше на официјална покана за разговор на оваа тема.




