Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Кореја ги отфрла санкциите на ОН

0
By Нова ТВ on March 9, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 9, 2013 13:07

Северна Кореја денеска и официјално ја отфрли резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации со која се бара запирање на нејзината програма за развој на нуклеарно оружје, најавувајќи спротиставување на меѓународните санкции и продолжување на настојувањата да стане нуклеарно вооружена држава.

Советот за безбедност во петокот едногласно наметна нови санкции за Северна Кореја, заострувајќи ги финансиските ограничувања и контрола на транспортот на забранетите товари.

Кина, единствениот голем сојузник на комунистичкиот режим во Пјонгјанг, сака санкциите во целост да бидат спроведувани. Санкциите се дизајнирани слично на оние коишто се применуваат за Иран, за кои западните функционери тврдат дека се изненадувачки ефикасни.

Ова е петта резолуција од 2006 година насочена на запирањето на нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја, што се совпаѓа со големата ескалација на тензиите на Корејскиот полуостров по третата нуклеарна проба на Пјонгјанг изведена на 12-ти февруари годинава.

„Демократска Народна Република Кореја, како што тоа го правеше во минатото, жестоко тја осудува и целосно ја отфрла ткн ‘резолуција за санкциите‘ против ДНР Кореја, како производ на непријателската американска политика кон неа”, изјави портпаролот на севернокорејското министерство за надворешни работи во соопштение кое го пренесе официјалната агенција KCNA.

„Светот јасно ќе ги види зацврстувањата на трајната позиција на ДНР Кореја како држава којашто поседува нуклеарно оружје и лансира сателити, како резултат на американското поттикнување на Советот за безбедност на ОН за донесувањето на резолуцијата”, се додава во цитираното соопштение.

САД претходно во петокот навечер ја предупредија Северна Кореја дека нема ништо да постигне повторувајќи ги заканите и провокативните акции, туку само ќе се турне самата себеси подлабоко во меѓународна изолација.

„САД и нашите сојузници се подготвени да ја решаваат секоја закана и вистинска ситуација која се случува во светот. Ние сме свесни што се случува. Имаме важни партнерства во тој дел од светот”, изјави во петокот американскиот министер за одбрана, Чак Хејгел.

Пренебрегнувајќи ги меѓународните предупредувања, Северна Кореја во февруари ја изврши својата трета нуклеарна проба, детонирајќи направа со поголема ударна моќ од употребената претходно при втората нуклеарна проба од 2009 година. Исто така, тврди дека остварила напредок и во минијатуризирањето на атомската бомба, што е клучен предуслов при изработка на боева глава за балистичките проектили.

Северна Кореја ги обвини САД дека ги користат воените вежби во соседна Јужна Кореја како провокација за започнување нуклеарна војна и во вторникот објави дека се повлекува од примирјето со Вашингтон, со кое беа завршени непријателствата во Корејската војна која траеше од 1950 до 1953 година.

Двете Кореи технички и натаму се во војна, бидејќи нивната тригодишна војна заврши со примирје а не со формален мировен договор.

Во моментов силите на Јужна Кореја и на САД заеднички спроведуваат големи воени маневри коишто ќе траат до крајот на април. Северна Кореја, исто така, подготвува големи воени вежби кои ќе се одвиваат на целата територија на земјата

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026

Партијата на Орбан поднесе предлог закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато

March 9, 2026
ФОКУС
March 12, 2026Updated:March 12, 2026

Рочиште „Пулс“: Објектот воопшто не ги исполнувала безбедносните противпожарни норми

ВЕСТИ March 12, 2026

Немало доволно ПП апарати, хидрантот за вода бил празен, немало црево, ниту аларми за пожар.…

Иран ја префрла војната на море – напаѓа во Заливот

March 12, 2026

ССМ: 14-ти март сите заедно протестираме за плата!

March 11, 2026

Атина: Грција воведува плафон на цените на горивата и во супермаркетите

March 11, 2026
ТИКЕР

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026

Австралија им даде азил на пет ирански фудбалерки

March 10, 2026

Партијата на Орбан поднесе предлог закон за задржување на конфискуваните украински пари и злато

March 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.