Северна Кореја ја призна независноста на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), изјави денеска лидерот на ДНР Денис Пушилин, додавајќи дека тоа е „уште една победа на дипломатијата“ за таа територија.

Северна Кореја ја призна и Народната Република Луганск, потврдија за странските медиуми од амбасадата на земјата во Москва.

„Меѓународниот статус на Доњецката Народна Република и нејзината државност продолжуваат да се зајакнуваат. Ова е уште една победа на нашата дипломатија – објави Пушилин на Телеграм, а пренесуваат странските медиуми.

Според неговите зборови, оваа одлука ќе биде „основа за натамошен развој на односите во економската сфера“.

„Благодарни сме на народот на Северна Кореја за ваквата значајна поддршка на жителите на Донбас – изјави Пушилин и додаде дека се надева на активна и плодна соработка.