Published: Friday, March 6, 2015 12:13
Според Северна Кореја нападот со нож врз американскиот амбасадор е „напад на правдата“ и е доказ за анти-американското расположение во Јужна Кореја.
Полицијата и обвинителите се обидуваат да извадат налог за апсење на осомничениот Ким Ки-Јонг (55) кој веќе има досие, би можел да биде обвинет за обид за убиство.
Според претставникот на полицијата Јун Мионг-сонг, Ким претходно седум пати ја посетил Северна Кореја од 1999 до 2007 година, и вели властите интензивно ја воделе истрагата за можна конекција од неговите посети и нападот.
Американскиот амбасадор во Јужна Кореја Марк Липерт, е во стабилна состојба по операциајта која траеше над 2 часа во која се здоби со 80 конци на неговото лице.
Тој останува во болница уште три до четири дена.




