Северна Кореја ќе ја запре својата програма на тестирање на нуклеарно оружје доколку САД ги прекине своите годишни воени вежби во Јужна Америка, рече севернокорјскиот министер за надворешни работи во едно од ретките интервјуа за западните медиуми.
Севернокорејската подморница минатата недела лансираше проектили со што ја наруши забраната на Обединетите нации, а најавуваат и дека се подготвуваат да спроведат нуклеарна експлозија.
Во интервјуто за новинската агенција „Асошиејтед Прес“ министерот Ри Су Јонг тврдеше дека неговата земја има право на нуклеарни тестирања и програми се додека на корејскиот полуостров се одвиваатт воени вежби кои во неговата земја се доживуваат како закана.
„Ако продоложиме по овој пат на конфронтација тоа ќе доведе до катастрофални последици не само за двете земји (Северна и Јужна Кореја), туку и за целиот свет“, изјави Су Јонг.




