Published: Wednesday, October 25, 2017 19:38
Висок севернокорејски претставник денеска упати силно предупредување дека треба да се земат предвид „буквално“ заканите од неговата држава за нова нуклеарна проба со хидрогенска бомба над Пацификот.
– Министерот за надворешни работи е многу добро упатен во намерите на нашиот врховен лидер, па мислам дека неговите зборови треба да ги сфатите буквално, изјави севернокорејскиот висок официјален претставник, Ри Џонг-пил во интервју за Си-Ен-Ен.
Министерот Ри рече во септември дека Пјонгјанг размислува за извршување „најсилна детонација“ на хидрогенска бомба преку Пацификот.




