Published: Thursday, August 24, 2017 18:54
Северна Кореја се чини дека откри детали за две нови нетестирани ракетни системи, на прес конференција за време на инспекција од државниот лидер Ким Јонг Ун – пренесе „BBC“.
Фотографиите кои се објавени од Корејската централна новинска агенција, се проследени и со репортажа од посетата на Ким Јонг на Академијата за одбранбени науки и покажуваат табели на ѕидовите, опишувајќи ракети, наречени Хуасонг-13 и Пукгуксонг-3.
Ова не е првпат Северна Кореја „случајно“ да открие детали за важни разработки на иновации во позадина на фотографии, и според аналитичарите ова е еден начин на покажување на својата воена моќ и испраќање порака до непријателите.




