Досега беше незамисливо, но Северна Кореја упати директна закана кон Кина поради “непромислените забелешки“ за државната нуклеарна програма.
Државната новинска агенција КЦНА синоќа објави: „Секојдневно слушаме низа апсурдни и непромислени забелешки од Кина, која само ја интензивира лошата ситуација“.
„Кина би требало да престане да ги тестира границите на Демократската Народна Република Кореја. Подобро ѝ е да размисли за сериозните последици на својот непромислен чин на укинување на темелите на односите меѓу Кина и ДНРК“, се вели во написот од Ким Јонг Ун.
Кина е најголемиот трговски партнер и главен сојузник на Северна Кореја. Таа го блокираше увозот на јаглен од Северна Кореја во согласност со санкциите на ОН и во последно време бара од својот традиционален сојузник да ги прекине нуклеарните активности.
Истото веќе некое време го бара и САД, кои рекоа дека доколку Кина не помогне “во справувањето со Северна Кореја“, тие се подготвени самите да го направат тоа.




