Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија e подготвена да прифати бегалци од Украина

0
By Biljana on March 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија e подготвена да прифати бегалци од Украина. Ова е еден од заклучоците на денешната седница на Владата. 

На предлог на Министерството за надворешни работи Владата денеска на седница ја усвоила Информацијата за состојбата со граѓаните на Северна Македонија во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава.

„Согласно одлкуката на Владата, највисоки ресорни институции се задолжуваат во најскоро време да достават информација за расположливите државни сместувачки капацитети со цел подготвеност за евентуална бегалска криза“, појасни на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

Дополнително, додаде тој, на украинските државјани кои се затекнати во земјава и заради безбедносната состојба не се во можност да се вратат во Украина ќе им се овозможи продолжување на престојот во земјава.

„За тие кои ќе бидат приморани да ја напуштат својата држава, нашите институции ќе обезбедат олеснет влез што подразбира да немаат обврска за поседување негативен ПЦР тест, од хуманитарни причини“, рече Арсовски.

Тој во одговор на новинарско прашање дали има наши државјани кои заминале да војуваат во руско-украинскиот конфликт истакна дека Владата нема такви информации.

Портпаролот Арсовски, прашан да упати порака до граѓаните поради се позачестениот говор на омраза во врска со руско-украинскиот конфликт истакна дека „треба да се осуди она што се случува во Украина со пораката дека Северна Македонија силно го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина“.

„Оваа воена агресија е несомнено кршење на меѓународното право и закана за евроатланската безбедност. За ова треба да бидат сите свесни и така да се однесуваат“, рече Арсовски во одговор на новинарско прашање.

Извор: МИА

бегалци од Украина Влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.