Османи информираше дека за оваа намена е веќе предвиден и буџет за реализација на активностите кои произлегуваат од претседавањето со ОБСЕ од околу 110 милиони денари, или безмалку 1,8 милиони евра.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес на првиот работен ден, со тематска прес конференција го одбележи влегувањето на Северна Македонија во ОБСЕ претседавачкото трио со почетокот на годината. Тројката претседавачи со организацијата ја сочинуваат минатогодишниот претседавач Шведска и овогодишниот претседавач Полска.

Ми преставува посебно задоволство што како прва активност во оваа година сакам да ги преставам луѓето од Министерството кои се најзаслужни и за стекната доверба да ја добиеме честа да претседаваме со ОБСЕ; тоа се истите луѓе кои ќе го поднесат најголемиот товар на овој  предизвик: тоа се дипломатите – дел од нив овде присутни зад мене, а дел во мисиите низ нашите дипломатски претставништва; луѓето кои се дел од работната група – или таканаречениот „Таск Форс“ кои ќе бидат задолжени за нашето успешно претседавање со организацијата, истакна министерот Османи.

Османи информираше дека за оваа намена е веќе предвиден и буџет за реализација на активностите кои произлегуваат од претседавањето со ОБСЕ од околу 110 милиони денари, или безмалку 1,8 милиони евра. Соодветно Министерот информираше дека се предвидува уште оваа година да се упатат околу 15 дипломати во мисијата во Виена, кои ќе работат во рамките на претседавачкото трио и водењето на Групата на медитерански партнери, но и ќе се подготват за финалното преземање на претседателството со ОБСЕ во 2023 година.