Повеќе од 100.000 демонстранти присуствуваа денеска на антиамериканскиот собир во главниот град на Северна Кореја Пјонгјанг.

Јужнокорејската агенција Јонхап, јави дека на собирот присуствуваа официјални лица, студенти и граѓани кои го поддржаа севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун во борбата против „западните империјалисти“.

На присутните им беше прочитана порака од Ким Јонг ун во која тој ветува дека преземе адекватни мерки против заканата за Северна Кореја што и ја упатува американскиот претседател Доналд Трамп.

„Одлучна одмазда“ и „Смрт на американските империјалисти“ беа слоганите што ги извикуваа присутните.

Тензиите меѓу САД и Северна Кореја со месеци не се смируваат, а дополнително ескалираа со неодамнешниот говор на Трамп во ОН кога рече дека САД целосно ќе ја уништат Северна Кореја ако бида принудени на тоа.

Ким Јонг ун одговори со иста мерка, а влера авиони на САД го прелета делот речиси до Северна Кореја, по што Пјонгјанг упати порака дека нападот на САД е неизбежен,